Данска првпат во својата историја разгледува можност за активирање на член 4 од НАТО, откако за една недела биле забележани два упади на неидентификувани дронови над данските аеродроми, изјави министерот за одбрана Трулс Лунд Поулсен.
Тој потврди дека земјата веќе утрово контактирала со НАТО, додавајќи дека покрај членот 4 можат да се искористат и други мерки во рамки на Алијансата.
„Јасно е дека мора да се преземе нешто во НАТО“, рече Поулсен.
Членот 4 овозможува секоја членка да свика состанок на Северноатлантскиот совет доколку смета дека нејзиниот територијален интегритет, политичка независност или безбедност се загрозени. Досега во историјата на НАТО тој бил активиран седум пати.