„Над 2 милиони денари од партиската каса на Левица директно во џебовите на Апасиев, Мојсоска, Мециновиќ, Крмов и Исмаил“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Макфакс

25/09/2025

09:44

126

Големина на фонт

а а а

„Двојните аршини на Левица излегоа на виделина. Раководството на Левица го покажа вистинското лице и се разобличи пред целокупната јавност. Заврши глумата на Апасиев, Мојсоска, Мециновиќ, Крмов и Исмаил, кои си инкасирале во своите џебови над 2 милиони денари од Левица“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Нема повеќе глумење на сиромашни револуционери со полни џебови. Маските паднаа. Левица повеќе не може да се крие зад евтини фрази, глумење скромност и идеологија додека позади камерите раководството ги полни личните трансакциски сметки од партиската каса.

Апасиев над 700 илјади денари ставил во сопствениот џеб од парите на партијата Левица, пари кои ги добива од граѓаните преку Буџетот на државата.

Мојсоска иако е пратеник само годинава од партијата инкасирала 3 пати по 54 000 денари.

Крмов, над 270 илјади денари од Левица пикнал во својот џеб.

Реџеп Исмаил исто така си инкасирал во свој џеб 300.000 денари од партиската каса.

Народот не е наивен, Левица не се бори за правда и еднаквост туку за личен бенефит и богатење на тесниот круг на раководството на партијата“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.