Македонија и натаму речиси на дното во Европа и регионот по висината на просечната плата – во јули изнесуваше 45.276 денари

Денар

24/09/2025

15:00

325

Големина на фонт

а а а

Според пресметките на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули 2025 година изнесува 45 276 денари(736 евра).

Во јули 2025 година, во однос на јули 2024 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 10.5 %.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 16.5 %, Образование за 15.0 % и Дејности на здравствена и социјална заштита за 14.8 %.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 4.0 %, Рударство и вадење на камен за 3.3 % и Информации и комуникации за 3.0 %.


Во последниве неколку години просечната плата има посериозна тенденција на раст, но тоа е резултат пред се на административни мерки – зголемениот минималец и покачувањата во јавниот сектор, како и одливот на работна сила во странство.

За реално да пораснат платите мора да расте економијата. Изминативе години примањата на работниците растеа со побрзо темпо од економијата. Ова резултира со пад на продуктивноста, тоа е проста економска логика – продуктивноста се пресметува по формулата сооднос меѓу Бруто домашниот производ и бројот на вработени.

Сепак, ова полека се менува. Работодавачите до неодамна едноставно штедеа на работниците бидејќи сметаа дека лесно може да ги заменат. Ова е се помалку застапено, компаниите сфатија дека е тешко да најдат и да задржат добар работник, особено квалификуван. Натамошниот пад на невработеноста ќе резултира и со раст на просечната плата.

Целиот текст прочитајте го ТУКА.