Полицијата уапси маж од Радовиш кој бил баран со потерница за издржување на затворска казна од 10 месеци за кражба. Тој е приведен во струмичкото село Мокрино и спроведен во затвор во Струмица.
Полицијата уапси 32-годишен маж од Радовиш кој бил баран со потерница за издржување затворска казна.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, приведувањето било извршено на 29.05.2026 година во 13:30 часот во струмичкото село Мокрино, од страна на полициски службеници од СВР Струмица – Полициско одделение Ново Село.
Лицето од Радовиш, се барало по распишана потерница за издржување казна затвор во траење од 10 месеци, за сторено кривично дело „кражба“.
Веднаш по приведувањето, радовишанецот бил спроведен во Казнено-поправната установа „Затвор Струмица“ за издржување на изречената казна.







