[ФОТО] Донарума доби заушка од Буфон откако беше избран за најдобар голман

Дерби

23/09/2025

15:40

990

Големина на фонт

а а а

Џанлуиџи Донарума по вторпат во својата кариера го доби „Јашин“ трофејот за најдобар светски голман, а вчера на свечената церемонија во Париз беше пречекан од својот сонародник Џиџи Буфон.

Легендарниот чувар на мрежата беше задолжен да ја додели наградата за најдобар светски голман, па откако му го врачи трофејот на Џиџио, го поздрави и со пријателска заушка во свој препознатлив стил.

Буфон кој има и директорска функција во италијанската репрезентација негува извонреден однос со далеку помладиот колега, а тоа можеше да се заклучи и од нивната блискост на бината.

Донарума претходно беше избран за најдобар светски голман од Франс Фудбал во 2021-ва година, а ако тогаш доби лауреат поради настапот на Европското првенство, сега добива награда поради историската сезона која ја имаше во ПСЖ.

– Почестен сум што ја добивам оваа награда. Среќен сум за перформансите кои ги покажавме како тим минатата сезона, остваривме неверојатни работи. Сакам да им се заблагодарам на сите соиграчи во ПСЖ, го добивам овој трофеј поради нив, – изјави Донарума.