„Приказната за Силјан“ – македонскиот кандидат за Оскар на режисерката Котевска го откупи и „National Geographic“: „Тоа е остварување на најголемиот сон“

Точка

23/09/2025

11:08

1.951

Големина на фонт

а а а

Документарниот филм „Приказната за Силјан“ од македонската успешна режисерка Тамара Котевска е откупен од страна на „National Geographic Documentary Films“.

Инаку, „National Geographic Documentary Films“ е еден од најпрестижните светски дистрибутери на документарни остварувања.

Ова е првпат македонски филм да влезе во глобалниот каталог на оваа платформа, а ќе биде достапен во над 170 земји, вклучително и платформата „Disney+“.


Котеска за овој успех изјави:

„Уште како мала „National Geographic“ ми беше омилена литература. Сега, кога таа компанија го купи мојот филм, тоа е остварување на најголемиот сон. Тоа е потврда дека филмот има веродостојност и светска релевантност, но и обврска за сериозна работа во следната фаза на оскаровската трка“.

Инаку, овој филм е и годинешен македонски кандидат за „Оскар“ во категоријата најдобар интернационален филм.


Тој претходно ја доби наградата „Награда на Музата“ за најинспиративен филм на фестивалот во Венеција и беше прикажан на престижниот фестивал во Торонто.

Инаку, „Приказната за Силјан“ е документирана бајка инспирирана од македонскиот фолклор која раскажува нежна врска меѓу земјоделец и повреден штрк – симболична приказна за опстанок, надеж и човечка поврзаност.