Нов спортски комплекс на „Полјана“ во Хром

24Вести

22/09/2025

14:27

192

Големина на фонт

а а а

Општина Ѓорче Петров почна со реализација на еден од, како што велат од таму, најзначајните инфраструктурни проекти за спорт и рекреација – изградбата на современиот спортски комплекс „Полјана“ во населбата Хром, кој се простира на површина од 1.450 м².

Комплексот ќе содржи: фудбалско игралиште со вештачка трева со модерна подлога и целосно нов изглед, две кошаркарски игралишта опремени за тренинг и натпревари, фитнес-зона на отворено со справи за активен и здрав живот и детско игралиште замислено како безбеден и весел агол за најмладите.

„Хром заслужува современ спортски простор, а токму ‘Полјана’ ќе биде местото што ќе ја оживее спортската и општествената енергија на оваа населба. Чекор по чекор, со многу работа и љубов, ја градиме иднината на Ѓорче Петров – заедно со сите вас. Со изградбата на комплексот ‘Полјана’, Општина Ѓорче Петров уште еднаш ја потврдува својата посветеност за подобрување на животниот стандард и создавање квалитетни услови за спорт, дружење и здрав живот“, изјави градоначалникот Александар Стојкоски.