Лекарката онколог Мери Пешевска доби условна казна од две години за случајот „Онкологија” за несовесно лекување болни која нема да се изврши ако во рок од пет години не стори ново дело.
Таа на судското рочиште на почетокот на септември во целост ја призна вината.
Пешевска тогаш истакна дека е виновна и се извини на оштетените пациенти, со тоа што посочи дека Васев бил нивни ординирачки доктор, а најзиниот факсимил бил ставен на шалтер и го користеле сите.
Пешевска уште додаде дека нејзиниот печат го користеле специјализанти, но сепак повторно истакна дека тој факсимил е нејзин и поради тоа признава вина што токму тоа го дозволила.
Обвинението ги товари лекарите за продолжени „тешки дела против здравјето на луѓето“ и „несовесно лекување“, при што кај 29 пациенти биле применети неподобни терапии, со отстапувања во дозирањето и без соодветна проценка на здравствената состојба.