Оваа европска држава воведува строг закон: За споделување „deepfake“ снимки ќе одите во затвор до 5 години

Точка

18/09/2025

14:31

292

Големина на фонт

а а а

Мерката е насочена кон поединци и компании кои дистрибуираат фотографии или видеозаписи создадени со вештачка интелигенција без дозвола.

Италијанскиот парламент го одобри новиот рамковен закон за вештачка интелигенција, според кој дистрибуцијата на фотографии или видеозаписи генерирани со "AI", без согласност на прикажаните лица, ќе се казнува со до пет години затвор.

Мерката, која доби поддршка во двата дома на парламентот, е насочена кон поединци и компании кои споделуваат вакви содржини без одобрение.


Жените најчесто жртви

Кај т.н. „deepfake“ снимки, може да изгледа како некој да кажал или направил нешто што всушност никогаш не се случило.

Законот беше усвоен по серија неодамнешни случаи со порнографски видеа генерирани со вештачка интелигенција, во кои жртви најчесто биле жени, меѓу нив и јавни личности.


Според владата во Рим, Италија е првата членка на ЕУ што воспоставила националнa правнa рамка кој ги вклучува новите насоки на Европската унија за вештачка интелигенција.

Законот утврдува општи принципи за користење на "AI" и ѝ наложува на владата да изработи детални регулативи за употребата на системите со вештачка интелигенција.