Данска планира да набави прецизно оружје со долг дострел поради Русија

Макфакс

17/09/2025

17:48

136

Големина на фонт

а а а

Данска планира да набави прецизно оружје со долг дострел за да ја зајакне својата безбедност, во промена на парадигмата предизвикана од руската закана за Европа, изјави денес данската премиерка Мете Фредериксен.

„Нема сомнение дека Русија ќе претставува закана за Европа и Данска во наредните години“, изјави Фредериксен пред новинарите, според Ројтерс.

Данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен изјави дека набавката може да вклучува ракети и беспилотни летала. Поулсен вчера изјави дека данската војска може да купи флота од поморски патролни авиони Боинг П-8 за откривање подморници, за зајакнување на надзорот на Фарските Острови и Гренланд.

Данска може да потроши милијарди долари за оваа набавка, изјави Поулсен за Ројтерс. Според агенцијата, ова е дел од планот на нордиската земја значително да ја зајакне својата армија, а купувањето прво мора да биде одобрено од данскиот парламент.