Мерц: Путин долго време ги тестира границите, саботира, шпионира, убива, сака да ги дестабилизира нашите општества

Макфакс

17/09/2025

18:31

145

Големина на фонт

а а а

Германскиот канцелар Фридрих Мерц упати остри зборови до рускиот претседател Владимир Путин. Мерц го обвини Путин дека се обидува да го дестабилизира Западот со тестирање на неговите граници и саботажи, пренесувааат светските агенции.

Германскиот канцелар рече дека неодамнешните руски упади во полскиот и романскиот воздушен простор се дел од долгорочен тренд на тестирање на границите на Западот.

„Путин долго време ги тестира границите, саботира. Шпионира, убива, се обидува да нè наруши. Русија сака да ги дестабилизира нашите општества“, рече Мерц.

Тој рече дека предавањето на Украина на Русија е неприфатливо.

„Диктираниот мир, мирот без слобода, би го охрабрил Путин да ја бара својата следна цел“, истакна тој.

Мерц претходно го критикуваше Путин и го нарече воен злосторник, што го натера Кремљ да каже дека ставовите на германскиот лидер за украинските мировни преговори треба да се игнорираат.