Рома остана без клучен играч за дербито со Лацио

Дерби

16/09/2025

11:57

106

Големина на фонт

а а а

Рома го доживеа првиот пораз во новата сезона во Серија, пораз од Торино (1-0) кој дефинитивно не е добра најава пред големото градско дерби со Лацио.

Меѓутоа негативниот резултат не беше единствената лоша вест за „волчицата“ затоа што на повреда се пожали Пауло Дибала, играч кој според италијанските медиуми сега ќе го пропушти и соочувањето со лацијалите закажано за 21 септември.

Тој има проблем со мускулот и нема да биде фит за настап во дуелот кој секогаш со нетрпение се очекува и има огромно значeње за клубовите и навивачите.

Инаку натпреварот со Торино беше прв на кој Дибала беше стартер во оваа сезона, претходно тој влегуваше од клупата против Пиза и Болоња.

Римската битка ќе се игра в недела од 12:30 часот.