[ВИДЕО] Селекторот на Турција ѝ се извини на целата нација, па се расплака: Емотивни сцени од дочекот на кошаркарите во Истанбул

Точка

16/09/2025

10:08

693

Големина на фонт

а а а

Кошаркарската репрезентација на Турција се врати во Истанбул по финалниот натпревар во Рига, каде што освои сребрен медал на Европското првенство.

И покрај поразот од Германија во финалето, репрезентативците биле пречекани како херои, па еуфоријата на аеродромот во Истанбул била огромна.

„Сребрениот медал е голем успех и турскиот народ е горд на овие момци. Сепак, јас сум многу тажен. Историјата ги памети само шампионите, а ние го пропуштивме тоа за влакно. Се извинувам на нашите граѓани кои веруваа во нас и со возбуда го чекаа тој трофеј пред своите екрани. Искрено верувам дека овие момци, кои ја вратија турската кошарка на врвот на Европа, во блиска иднина ќе го донесат овој пехар во нашата земја“, изјавил видно емотивниот селектор Ергин Атаман и додал:


„Му благодариме на турскиот народ чија поддршка растеше од ден во ден за време на првенството. Овие момци го претставуваа турското знаме со голема страст пред целиот свет, до последната секунда. Горди сме, но јас лично сум многу тажен. Сонував да му ја донесам титулата на шампион на турскиот народ. Го изгубивме првенството со последната топка, но повторно направивме турскиот народ да ја засака кошарката. Затоа уште еднаш им се заблагодарувам на овие момци“.

Капитенот на тимот, Чеди Осман, исто така се обратил до присутните.

„Во текот на овие 21 ден постојано ја чувствувавме вашата поддршка. Сакавме да се вратиме со пехарот, но за жал не успеавме. Но, верувајте, го дадовме својот максимум. Се надевам дека барем малку ве направивме горди. Без вашата поддршка ќе беше многу тешко да стигнеме до тука. Ви благодарам што постоите“, порачал Осман.