[ФОТО] Шерон Стоун (67) гола во блејзер, маж во долна облека покрај неа: „Mugler“ кампањата која ги крши сите табуа

Точка

15/09/2025

20:28

627

Големина на фонт

а а а

Холивудската ѕвезда Шерон Стоун (67) уште еднаш докажа дека сè уште е фатална за посилниот пол, и не само тоа, туку и жените не се имуни на нејзините нови фотографии. Децении по филмот „Ниски страсти“, таа повторно успеа да го привлече вниманието на еден посебен начин.

Фотографиите кои се објавени неодамна се направени за кампањата која актерката ја сними за модната куќа „Муглер“. Само неколку часа по објавувањето, тие ги преплавија социјалните мрежи и предизвикаа лавина од реакции.


Шерон Стоун е лице на новата кампања за линијата која ги реинтерпретира најпознатите архивски креации на „Муглер“. Со својата фигура и став, таа не само што ја почитува историјата на модата, туку испраќа и порака до сите жени дека силата и сензуалноста можат да одат рака под рака, без разлика на годините.


Ова не е прв пат Шерон да го демонстрира својот безвременски сексапил. Минатата година, таа го „запали“ Инстаграм со фотографија на која позира во секси долна облека, комбинирана со впечатливи штикли и ѓердан. Во март, актерката отворено проговори за тоа како ја прифаќа својата фигура во 60-те години.


„Многу луѓе се откажуваат кога стареат. Тие не се грижат за своите тела, мислејќи дека така или вака ќе се распаднат, или помислуваат: ‘Моето тело повеќе не ме дефинира’. Но, сепак, мора да го сакате тоа тело“, изјави Шерон.