Една мајка доживеала вистински шок и напад на смеа откако отворила пакет од популарната онлајн продавница Тему.
Имено таа нарачала персонализирана маица за синот, но наместо едноставен дизајн, на задната страна била испечатена бизарна и урнебесна грешка.
Кортни Купер потрошила само 3,96 фунти (околу 4,58 евра) за маичка на која требало да биде испечатено името на нејзиниот син на предната страна, додека задната страна требало да биде празна. Кога ја направила нарачката, морала да ги пополни двете полиња за персонализација – и за предната и за задната страна. Внела упатства за продавачот во полето за задната страна, но системот буквално ја сфатил нејзината порака.
Пораката до продавачот завршила на маичката
За жал, приватната порака до продавачот била испечатена со големи, задебелени букви на задната страна од маичката. „Во моментот кога ја пишував таа порака до продавачот, всушност се смеев сама на себе, мислејќи, замисли ако ја испечатат оваа порака на задната страна“, рече Кортни. „Никогаш не помислив дека всушност ќе го направат тоа; мислев дека моите упатства се навистина очигледни“, додаде таа.
Пораката гласела: „Драг продавачу, не сакам ништо да биде отпечатено на задната страна. Би сакала задната страна да остане празна. Ви благодарам“. Кортни додаде дека на почетокот била разочарана, но на крајот убаво се насмеала. „Сè уште ја имам, повеќе како шега. Мојот син може да ја носи по дома“, рече таа.
Тему ѝ ги вратил парите
Откако го пријавила проблемот во службата за корисници на Тему, компанијата ѝ ги вратила парите без никакви проблеми. Кортни, која живее во Ахипара, Нов Зеланд, вели дека искуството не ја одвратило од понатамошно купување на популарната апликација, истакнувајќи дека нејзините претходни персонализирани нарачки биле успешни.
Сепак, таа ги предупреди другите купувачи да бидат внимателни. „Го сакам Тему. Нарачав многу персонализирани работи во минатото и беа одлични. Но, веројатно ќе избегнувам да нарачувам персонализирани производи кога сакам да го оставам предниот или задниот дел празен“, нагласи Кортни.
Се огласи и Тему, а портпаролот изјави: „Сакаме да ѝ се заблагодариме на Кортни за нарачката. Разбираме дека не ги исполни нејзините очекувања и го цениме добриот хумор што го внесе во ситуацијата“. Тие потврдија дека таа добила целосен поврат на парите и истакнаа дека клиентите се заштитени со 90-дневна гаранција за враќање на парите за производи кои не се совпаѓаат со описот.