[ВИДЕО] Непријатна шега: Водителот на наградите Еми се пошегува со Сидни Свини, таа го изигнорира

Точка

15/09/2025

19:58

485

Големина на фонт

а а а

Американската актерка Сидни Свини, која неодамна се најде на мета на критики за нејзината кампања за фармерки, присуствуваше на овогодишното доделување на наградите Еми. Таа ја додели наградата за најдобар спореден актер во мини-серија, антологиска серија или филм, а беше најавена од водителот Нејт Баргаце пред да излезе на сцената.

Нејт излезе пред публиката во тексас костум и се пошегува за контроверзната кампања.

„Заборавив – од некоја причина носам тексас смокинг. Имавме, како, шега, а тука е и појасот и …Не знам. Добро, ве молам поздравете ја двократната номинирана за „Еми,“ Сидни Свини“, рекол Баргаце.

Свини излезе на бината облечена во елегантен црвен фустан, притоа не беше импресионирана од шегата што ја кажа Нејт. Имено, Сидни ги објави номинираните за наградата и воопшто не коментираше за она штосе случи.


Имено, Сидни беше заштитно лице на кампањата за фармерки „Американ Игл“ пред неколку месеци. Слоганот на кампањата беше: „Сидни Свини има одлични фармерки“. Неколку видеа со слоганот и нејзините монолози беа објавени на официјалните профили на брендот, а на многумина не им се допадна фактот што рекламата си играше со зборовите „фармерки“ и „гени“.

„Гените се пренесуваат од родител на потомство, честопати одредувајќи особини како боја на коса, личност, па дури и боја на очи. Моите фармерки се сини“, рече таа во еден од своите монолози, што ги натера обожавателите да шпекулираат за генетиката на русокоса жена со сини очи. Многумина на социјалните мрежи се согласија дека брендот промовира нацистичка пропаганда.