Пратеникот на Левица Сашко Јанчев е приведен, учествувал во сообраќајка, повредени се двајца малолетници

A1ON.MK

14/09/2025

13:57

903

Големина на фонт

а а а

Пратеникот на Левица, Сашко Јанчев е приведен откако ноќеска бил учесник во сообраќајна несреќа во која има повредени двајца малолетници. Јанчев со неговото возило со судрил со мотор кој го управувал 16-годишник. И момчето и неговата 13-годишна сопатничка со тешки телесни повреди се во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Несреќата се случила 50 минути по полноќ, а по изврешениот увид, по наредба на јавен убвинител, Јанчев е приведен по соменеие за две дела „загрозување на безбедноста на сообраќајот“ и „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.

– Денеска (14.09.2025) во 00:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Марино, општина Илинден, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи тусон“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(36) од Гевгелија и мопед управуван од 16-годишник од с.Идризово, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетникот и неговата 13-годишна сопатничка од населбата Илинден, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Додека, со телесни повреди се здобиле С.Ј. и неговиот сопатник Х.М.(25) од Вевчани, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.


Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, а околу 04:00 часот по наредба на јавен обвинител, возачот С.Ј. е лишен од слобода и приведен во полициска станица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на безбедноста на сообраќајот“ по член 297 и „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ по член 300 од Кривичниот законик. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава, се вели во известувањето од Министерството за внатрешни работи.