[ВИДЕО/ФОТО] Пожарот во Трубарево сè уште гори: Снимки од моменталната борба со огнот; Ѓорѓиевски: Ова што се случува е злосторство против народот, против луѓето на Скопје

Точка

13/09/2025

22:22

1.218

Големина на фонт

а а а

Со градежна механизација се потрупува локацијата каде половина ден беснее пожар. Ова е најбрз начин за да се гасне дел по дел локацијата. Вака се постапуваше и кога гореа други депонии во Скопје.

Таму се присутни повеќе противпожарни бригади, со опрема и возила за гаснење. На терен не делуваат хеликоптерите и ер-тракторите бидејќи е ноќ. Истовремено се носи и ситна песок за гаснење, пишува Скопје 1.

Главната цел, покрај гаснењето, е пожарот да не се рашири.

Таму се присутни полициски службеници, но и неколку скопски градоначалници како Бобан Стефковски, Орце Ѓорѓиевски, Дејан Миткоски...

МЗ обезбеди заштитни маски кои вечерва ќе бидат дистрибуирани до жителите на скопското село Трубарево

Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје, обезбеди 2.000 заштитни маски N95 кои вечерва ќе бидат дистрибуирани до жителите на скопското село Трубарево.

Маските се ставени на располагање од ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, а дистрибуцијата ќе се реализира со поддршка на тимови од јавните претпријатија и Општина Гази Баба.

Со оваа мерка се обезбедува навремена поддршка за локалното население, со цел намалување на непосредната изложеност на загадениот воздух предизвикан од пожарот.

На лице место се присутни и две возила на итната медицинска помош, подготвени да интервенираат и да укажат соодветна здравствена помош како на пожарникарите, така и на граѓаните доколку имаат потреба.

„Наш приоритет е заштитата на здравјето на граѓаните, особено во вакви кризини ситуации. Министерството и Институтот за јавно здравје ќе продолжат со координирани активности за да се обезбеди соодветна помош и поддршка на сите засегнати“, рече министерот за здравство, Азир Алиу.

Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје ќе ја следат понатамошната состојба, со цел навремено преземање на сите потребни мерки за заштита на граѓаните.

Ѓорѓиевски: Огромниот пожар е злосторство против скопјани – барам итна и безмилосна реакција од институциите

Скопје се соочува со сериозен пожар кој моментално ја загрозува животната средина и здравјето на граѓаните. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, заедно со своите колеги Бобан и Дејан, е на терен од самиот почеток и лично учествува во активностите за ставање на огнот под контрола.

На терен се присутни и екипите на Противпожарната служба од Скопје и МВР, додека општествено одговорни компании помагаат со машинерија и песок за гасење на пожарот. Сите расположливи сили се ангажирани во обидот да се спречи понатамошно ширење на огнот.

❗️Почитувани сограѓани, скопјани,


во овој момент сведочиме на ужас кој не смее да се повтори, огромен пожар ја уништува...

Posted by Орце Ѓорѓиевски - Orce Gjorgjievski on Saturday, September 13, 2025

Ѓорѓиевски овој инцидент го оцени како „злосторство против народот“ и упати апел до надлежните институции да постапат итно и безмилосно, нагласувајќи дека граѓаните не смеат да се изложуваат на чад и отров.

„Ние остануваме на терен со луѓето, сѐ додека пожарот целосно не биде изгаснат“, рече градоначалникот.