[ВИДЕО] Напад со дрон предизвика пожар во втората најголема рафинерија во Русија

Макфакс

14/09/2025

10:23

433

Големина на фонт

а а а

Во рафинеријата за нафта во Кириќи, на северозападот на Русија, изби пожар по пад на остатоци од соборен дрон, соопшти гувернерот на Ленинградската област, Александар Дрозденко.

Тој потврди дека пожарот е изгаснат и дека нема повредени.



Рафинеријата „Кинеф“ на Сургутнефтегаз во Кириќи е една од двете најголеми во Русија. Годишно преработува околу 17,7 милиони тони сурова нафта (околу 355.000 барели дневно), што претставува 6,4% од вкупното производство во земјата.