Ракитиќ: Жалам што не остварив две работи во кариерата

Дерби

12/09/2025

12:48

387

Големина на фонт

а а а

Иван Ракитиќ се покажа одлично во улога на оперативец и донесе неколку важни засилувања за Хајдук во текот на летниот преоден рок, откако претходно беше назначен за технички директор од управата на клубот.

Легендарниот Хрват стави крај на играчката кариера по финишот на минатата сезона и експресно се префрли во директорските води, а по добриот преоден рок кој го одработи, добива доста пофалби за новата функција која ја извршува.

Времето допрва ќе покаже во кој правец ќе се развива тимот на Хајдук во новата сезона, но бидејќи неговите денови од играчката кариера се уште се многу свежи, Ракитиќ сега се наврати на големите успеси, но и на неостварените желби.

Ракитиќ ги освои сите најважни трофеи на клупски план, оствари историски успеси како хрватски репрезентативец, но вели дека жали за две работи.

– Во мојата кариера имав можност да разменам многу дресови со познати фудбалери, но најспецијална е размената која ја имав со Златан Ибрахимовиќ кога бев играч на Барселона.

– Секогаш им велам на пријателите дека сум благодарен и горд на се она што го остварив во кариерата, но ми недостасуваат две работи. Првата е играње во Серија А, а втора играње со Златан Ибрахимовиќ во ист тим, – открива Хрватот.