Завршена полската воена операција

Макфакс

10/09/2025

08:36

340

Големина на фонт

а а а

Полската војска ја заврши својата воена операција откога собори беспилотни летала што влегоа во полскиот воздушен простор во текот на ноќта.

„Полските и сојузничките операции на воздухопловните сили поврзани со кршење на полскиот воздушен простор се завршени. Пребарувањето и локализирањето на можните места на удар на објекти што го нарушија полскиот воздушен простор е во тек“, се вели во соопштението.

Полската војска им се заблагодари на Воздухопловната команда на НАТО и на Холандија за испраќањето борбени авиони „Ф-35“ за да се обезбеди безбедноста на полското небо. Земјените системи за воздушна одбрана и радарското извидување се вратија на стандардни оперативни активности.

Само еден аеродром сè уште не е отворен

Главниот аеродром во Варшава е повторно отворен. Портпаролот на Полската агенција за воздушна навигација сега изјави за телевизиската станица TVN24 дека аеродромите во Модлин и во Жешов исто така се повторно отворени.

Аеродромот во Лублин останува привремено затворен.