Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на социјалните мрежи објави фотографии на кои позирал со Џеки Чен, кој стана амбасадор на манифестацијата ЕКСПО 2027 во Белград.
„Белград одамна стана нов дом за многу светски ѕвезди, а овој пат имаме посебно задоволство да бидеме домаќини на познатиот Џеки Чен, човек чија филмска уметност продолжува да ги инспирира сите генерации. Голема чест е што оваа глобална филмска ѕвезда и еден од најголемите светски културни амбасадори ќе го претставува ЕКСПО во Србија со својата харизма и енергија“, напиша Вучиќ.
„Убеден сум дека Џеки Чен, како промотор на ЕКСПО 2027, ќе обезбеди силна поддршка во презентирањето на настан што ќе ја стави нашата земја во центарот на глобалното внимание и ќе го доближи духот на играта што ЕКСПО го промовира во нашата Србија до светот“, додаде Вучиќ.
Гласањето за домаќин на ЕКСПО се одржа во јуни 2023 година во Париз. Србија и Шпанија се сретнаа во финалето. Делегациите пристапија кон конечно гласање и со 81 глас „за“ ја избраа Србија за домаќин на оваа манифестација.
Од друга страна, Шпанија доби 70 гласови,а покрај Србија и Шпанија, во потесниот круг беа и Соединетите Американски Држави и Тајланд.