[ФОТО/ВИДЕО] Со години е во инвалидска количка и е „најсилниот човек на светот“: Кога познатиот актер пристигнал на Ју-Ес Опен, многумина биле на „раб на солзи“

Точка

09/09/2025

15:34

1.487

Големина на фонт

а а а

На финалето на Ју-Ес Опен, кое се одржа викендов во Њујорк, присуствувал познатиот актер Мајкл Џеј Фокс, кој прво прошета по синиот килим, а потоа го следел натпреварот помеѓу Синер и Алкараз од трибините.

Фокс, кој остави трага во 1980-тите со улога во филмскиот серијал „Back to the Future“, не се појавува толку често во јавноста откако се повлече од глумата поради напредна Паркинсонова болест, но сепак присуствува на настани што му причинуваат задоволство.

Актерот очигледно бил во лоша состојба, но сепак и понатаму е подготвен да се бори и полн со волја за живот, па стана од инвалидската количка за да позира за собраните фотографи, а потоа со помош на другите повторно седна во количката.


„Каков човек е ова!“, „Ако во реалноста постои Супермен, тогаш тоа е Мајкл Џеј Фокс“, „Болно е да го гледам херојот од моето детство ваков, но ме прави среќен тоа што тој сè уште се обидува да живее што е можно понормално“, „И тажно и прекрасно“, „Тој е најсилниот човек на светот“ се некои од коментарите, а многумина нагласуваат дека се воодушевени од сопругата на актерот, Трејси Полан.

„Вака изгледа да се одржи ветувањето дека ќе сакаш некого без разлика на сè“, „Таа е силна и храбра како и тој“, „Фокс навистина ја пронашол најдобрата жена на светот“, коментираа обожавателите на Фокс под снимките од Њујорк.


Борбата на Мајкл Џеј Фокс против Паркинсоновата болест

Откако некое време се шпекулираше дека актерот страда од мистериозна болест, во 1998 година тој излезе во јавноста и соопшти дека страда од Паркинсонова болест.

Веднаш потоа тој основал фондација која го носи неговото име и има за цел да го пронајде најефикасниот лек, а актерот е застапник на научните истражувања за оваа болест и постојано се обидува да ја подигне свеста за оваа состојба зборувајќи за своето искуство.


Фокс се надева дека ќе им помогне на другите да ги препознаат симптомите на Паркинсоновата болест и да откријат какви сè опции за лекување се достапни.

Поради неговата сериозна состојба и склоност кон фрактури, во 2018 година тој имал операција на ’рбетот, а ги скршил јаболчницата, раката, рамото и лактот истата година кога починала неговата мајка.

Мајкл истакна дека се обидува да не биде оптоварен од својата состојба и да биде попозитивно и пријатно друштво за другите.

„Никогаш не сум бил мрзоволен човек, но во последно време мојот фитил е пократок во односите со луѓето, па се обидувам тоа да го задушам во почетна фаза. Секогаш мислам на моите асистенти. Често им велам: „Што и да ви кажам, замислете дека реков „ве молам“ на почетокот и „благодарам“ на крајот од реченицата. Само разберете дека би го кажал тоа ако бев свој во тој момент, но не бев и за тоа ви се извинувам“ раскажа актерот.


Како што рече ја вложува целата своја енергија, во тоа да не биде врзан за кревет и ги користи сите опции што ги има, вклучително и инвалидска количка, кога е неопходно.

„Мислам дека е кул да се оди сам. Фантастично е“ рече Фокс во една прилика.

Инаку тој има четири деца со сопругата Трејси Полан, а таа еднаш објасни дека дури и во најтешките моменти, тој е љубезен и прекрасен кон сите затоа што, едноставно, „тој е така воспитан и има таков карактер“.

Бидејќи Мајкл го загубил својот татко на рана возраст, тој се грижел за неговата мајка, четири браќа и една сестра и бил навикнат да размислува за туѓите желби, потреби и чувства и во секое време да внимава како ќе се однесува кон нив.


Затоа, не е изненадувачки што целото семејство е покрај него во сите тешки ситуации, а Мајкл неодамна со тага забележа дека неговите помлади деца не го паметат како здрав човек.

„Моите најмлади деца не ме познаваат без Паркинсонова болест, Сем имаше две или три години кога ми беше дијагностицирана. Тие никогаш не знаеја за ништо друго. Постои слобода што треба да му ја дадете на некој што живее со оваа болест, можете да изберете колку ќе бидете љубезни, што да правите и што да не правите. Сè е прашање на емпатија“, истакна актерот.