Веќе неколку недели се пишува за новата врска во светот на познатите. Очигледно е дека пејачот Хари Стајлс по неуспешни врски, од кои најпозната е онаа со Оливија Вајлд, ја нашол својата среќа.
Како што пишува „Дејли Мејл“, музичарот никогаш не бил посреќен откако е во врска со актерката Зои Кравиц.
Пејачот на групата „One Direction“ бил забележан како шета со Зои во Бруклин во екот на гласините за нивната романса.
„Толку е тешко да излегувате со позната личност. Хари никогаш не би излегол јавно со некој кој не му значи ништо“, рекле извори.
„Многу е ново и свежо и тие само се забавуваат. Хари не ги етикетира овие работи. Ова е најсреќниот момент којшто Хари некогаш го имал, тој едноставно одлучил да си помине добро“, раскажал изворот.
Ова се нови детали за врската на познатиот пар откако пријатели блиски до нив за „Дејли Мејл“ кажале дека не станува збор за нивна авантура и дека нивната врска прераснува во нешто поголемо.
Пејачот и актерката пред Њујорк заедно биле забележани во Лондон, а потоа и на романтична прошетка во Рим.
„Ова се претвора во нешто поголемо, без оглед на тоа дали тие мислат така или не“, открил изворот.