[ФОТО] Деколте до папокот, а потоа потег којшто направил хаос: Пејачката ги згрози фановите со бизарната постапка на црвениот тепих

Точка

08/09/2025

13:17

2.561

Големина на фонт

а а а

Доџа Кет привлекла големо внимание на црвениот тепих на доделувањето на „MTV“ музичките награди во Њујорк каде направила нешто кое малкумина го очекувале.

29-годишната поп ѕвезда и пејачка, добитничка на Греми, се појавила во гламурозна облека инспирирана од 80-тите и веднаш го привлекла вниманието. Меѓутоа, она што го направила пред камерите ја оставило публиката во неверување.


Додека заводливо нанесувала црвен кармин на усните, Доџа одеднаш го гризнала карминот и почнала да го јаде, позирајќи пред фотографите и јадејќи го карминот.

Видеото станало вирално на социјалните мрежи, а реакциите на фановите биле поделени – додека едни биле згрозени од чинот, други ја пофалиле.


„Начинот на којшто го изеде карминот, боже...“, напишал некој корисник на социјалните мрежи, а друг додал: „Девојко, зошто јадеш кармин?“.

Дел од фановите изразиле и загриженост и се прашале дали тоа е вистински кармин или реквизит којшто се јаде: „Зарем ова не е нездраво? Те молам, немој да го правиш ова дома“.


Меѓутоа, верните фанови ова го протолкувале како начин дека Доџа Кет ги поместува границите: „Кралицата никогаш не е гладна“, напишал некој обожавател.


Експертот за говор на тело Џуди Џејмс, во анализа истакнала дека Доџа во текот на настапот покажувала гестови кои откривале „гадење“.

„Наместо да нанесе кармин, таа го стави во уста, го гризна и го изеде. Тоа е кошмар за поголем дел од жените“, рекла Џуди.