Рафаел Надал ја заврши професионалната тениска кариера, па сега како тениски фан ги следи турнирите и најважните мечеви.
Во пресрет на денешното финале на Ју-Ес Опен, како дел од интервјуто за „Атлетик“, шпанската легенда ги коментирал и големите ривали Карлос Алкараз и Јаник Синер.
– Синер има квалитет со кој иницира форхенд ритам кој е тежок за следење и парирање. Често успева да го удри топчето порано и има брза транзиција од одбрана во напад.
– Алкараз е понепредвидлив и поатрактивен, тој може да игра на ниво кое Јаник понекогаш не може да го достигне. Но, истовремено, почесто прави грешки, може да игра на повисоко, но и на пониско ниво, најважно му е да пронајде некаков баланс.
– Повозбудливо е да се гледа Алкарас поради неговите обиди за атрактивни удари и непредвидливоста, навистина ми е возбудливо да ги гледам неговите мечеви поради потезите кои ги прави, но и поради грешките, бидејќи и тие се дел од спортот, – рекол Надал.