Бројот на жртви во несреќата во Лисабон се зголеми на 17, повредени се 21 лице

Макфакс

04/09/2025

11:49

169

Големина на фонт

а а а

Бројот на повредени во несреќата во Лисабон, кога жичницата Глорија излета од шините, се искачи на 17, додека 21 лице е повредено, од кои седум се со тешки повреди, соопшти денес португалската цивилна заштита.

Полицијата претходно објави дека 15 лица се настрадани, но уште две починале во текот на ноќта, пишува португалскиот портал Executive Digest.

Директорката на португалската цивилна заштита, Маргарида Кастро Мартинс, изјави дека меѓу жртвите има четворица Португалци, двајца Германци, двајца Шпанци, еден Јужнокореец, еден Каповертски жител, еден Канаѓанец, еден Италијанец, еден Французин, еден Швајцарец и еден Мароканец.

Жичницата превезувала повеќе од 40 лица во времето на несреќата, кога излетала од шините и удрила во зградата.

Властите веруваат дека несреќата е предизвикана од лабав кабел или дефект на сопирачките, пренесува Танјуг.

Португалската влада прогласи ден на национална жалост и три дена жалост во Лисабон.

Бригадата на судската полиција беше повикана да ја испита причината за несреќата на жичницата Глорија, која може да прими до 42 патници и е обележје на Лисабон, кое е многу популарно меѓу туристите. Жичницата е отворена пред повеќе од еден век – во 1885 година.