Променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи

Нетпрес

04/09/2025

07:42

475

Големина на фонт

а а а

Во четврток на територијата на Македонија ќе преовладува променливо облачно и посвежо време, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (l/m²), засилен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град.

Утринските температури се движат меѓу 12 и 20, додека највисоките дневни соодветни ќе бидат во опсегот од 22 на повисоките мест до 32 Целзиусови степени во јужните области.

Во Скопје и околинаа денеска исто така ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, во делови од котлината во форма на краткотрајно невреме. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе достигне до 30 степени.