Тивкиот пад на некогашната ѕвезда на Реал: Асенсио си пронајде нов клуб во финишот од преодниот рок

Дерби

02/09/2025

13:21

328

Големина на фонт

а а а

Марко Асенсио полека се оддалечува од фудбалската елита со потегот кој го повлече во финишот од летниот преоден рок, бидејќи за првпат реши да направи трансфер кој не му гарантира играње во топ пет лигите во Европа.

Некогашната ѕвезда на Реал Мадрид не успеа да се наметне во ПСЖ и беше ослободен од Луис Енрике на средина на минатата сезона, но по кратката авантура во Астон Вила, двата клуба не пронајдоа заеднички јазик за трансфер операција.

Асенсио остана да „виси“ за трансфер до последниот ден од летниот преоден рок, но пред истиот да биде официјално затворен во Франција, поранешниот шпански репрезентативец реализираше заминување.

Офанзивниот фудбалер направи перманентен трансфер во турскиот великан Фенербахче и го засили тимот од Истанбул, а необично е тоа што клубот купи две трансфер желби на Жозе Мурињо дури откако го избрка Португалецот.

По Актуркоглу, Фенербахче вчера го претстави и Асенсио кој досега беше член на ПСЖ, а францускиот клуб за возврат доби 7,5 милиони евра.