Барселона ги доби сите четири дуели со Реал Мадрид во првата сезона на Ханси Флик и повеќе од заслужено ги освои сите титули во Шпанија, а еден од клучните играчи на сите споменати пресметки беше искусниот дефанзивец кој повеќе не е дел од тимот на германскиот стручњак.
Ињиго Мартинез беше клучен фактор во поставувањето на офсајд-замките во кои се ловеа напаѓачите на Реал Мадрид, па иако имаше и улога на капитен во првиот тим, искусниот стопер реши да си замине и останува да видиме каков ефект ќе има тоа врз играта на Барселона.
Фудбалерот роден во Баскија направи трансфер во Ал Наср и реши да ја искористи шансата да заработи нестварна сума на пари во Саудиска Арабија, а сега оттаму даде една навистина провокативна изјава за играчите, но и навивачите на Реал.
Мартинез после само два истрчани круга на теренот знаел дека Барселона ќе оствари победа против Реал Мадрид, бидејќи во лицата на фудбалерите на Реал гледал страв и несигурност.
– Ние бевме единствениот тим против кој Реал Мадрид покажуваше почит. Тоа се мирисираше и се чувствуваше на фудбалскиот терен, можеше да се почувствува тоа. После два круга на теренот, во нивните лица се гледаше дека не можат да направат ништо против нас. Тоа беше чувството кое го добивавме и затоа победивме на сите натпревари, – вели Ињиго.