Интер го испрати Павар во Франција и ослободи место за засилување од Сити

Дерби

02/09/2025

12:28

222

Големина на фонт

а а а

Интер не беше премногу активен во самата завршница од летниот преоден рок, но сепак направи една рокада во одбраната која најверојатно е реализирана по барање на Кристијан Киву.

Италијанскиот вицешампион најголем дел од своите операции реализираше пред самиот старт на натпреварувачката сезона, па завршните неколку часа ги искористи за да официјализира две операции.

Интер го испрати Бенжаман Павар на позајмица во Марсеј и францускиот клуб има опција за откуп на крајот на сезоната, а во идентична операција, италијанскиот клуб доби замена од Манчестер Сити.

Мануел Аканџи пристигна во Милано на едногодишна позајмица од Манчестер Сити, па сега ќе биде опција плус во системот на Кристијан Киву.

Докажаниот дефанзивец првично ќе игра како позајмен фудбалер, но Интер ќе има право на откуп наредното лето.