Завршните часови од летниот преоден рок традиционално бараат максимално залагање и сериозен напор од спортските директори, а во ситуација кога Англичаните беа во прв план, мора да се пофали и работата на Мончи во последните неколку часа од трансфер пазарот.
Астон Вила на ужасен начин ја стартуваше новата сезона и освои само еден бод на три одиграни натпрвеари, а тоа го натера Унаи Емери да побара неколку важни засилувања за својот тим во последен час.
Во соработка со легендарниот Мончи, двајцата Шпанци се погрижија да претстават навитина елитни засилувања во последниот ден од трансфер пазарот, со тоа што две се од Манчестер Јунајтед, а едно од Ливерпул.
Виктор Линделоф пристигна како слободен агент откако претходно му заврши договорот со Манчестер Јунајтед, Џејдон Санчо го следеше неговиот пример и пристигна како позајмен фудбалер на „Вила парк“, а денот беше завршен со уште еден голем договор.
Астон Вила обезбеди заем на Харви Елиот од Ливерпул, со тоа што во случајот на офанзивниот фудбалер е вклучена и опција за откуп на крајот од сезоната.