Завршницата на летниот преоден рок е традиционално френетична и исполнета со еден куп работа за сите спортски директори на најважните клубови во Европа, па во ситуација кога сите ги чекаат последните часови за реализирање на најголем дел од зделките, вчера видовме и многу трансфери во Шпанија.
Иако Англичаните издоминираа во секоја смисла на зборот во овој летен преоден рок, завршниот ден донесе многу раздвижувања и во Шпанија, Италија и Германија, а доста голем интерес на Пиринеите предизвика трансферот на Антони.
Бетис и Манчестер Јунајтед со доста мака пронајдоа соломонско решение за трансфер на Антони и успеаја да го реализираат истиот во предвиден рок, па така Бразилецот навреме пристигна во Андалузија за да стави потпис на повеќегодишен договор.
Антони цели два месеци го чекаше Бетис и направи се што е во негова моќ да заврши на „Бенито Виламарин“, а откако желбата му се исполни, беше пречекан како Бог од навивачите на клубот.
Улиците пред аеродромот биле исполнети со илјадници фанови на Бетис, па шпанските медиуми ги доловија импресивните сцени кои сигурно уште долго ќе останат во сеќавање кај бразилскиот фудбалер.
🟢🐐 No es Napoles, no es Turquía, no es Argentina... Es Antony llegando a la ciudad del #Betis. #LaLiga #RealBetis pic.twitter.com/QR9Ora3wml
— Onda Bética (@OndaBetica) September 1, 2025
Estáis como unas cabras. pic.twitter.com/akoTRlg8gS
— Real Betis Balompié 🌴💚 (@RealBetis) September 1, 2025