Илон Маск: „Европа ќе изумре...“

Точка

01/09/2025

21:07

1.599

Големина на фонт

а а а

„Европа ќе се соочи со исчезнување доколку итно не ги реши своите демографски проблеми и не ја зголеми стапката на наталитет“, предупредил американскиот милијардер Илон Маск.

Маск на социјалните мрежи реагирал на официјалните податоци од Шкотска, каде во првата половина од 2025 година забележани биле 34 отсто повеќе смртни случаи отколку родени.

„Доколку стапката на раѓање не се врати барем на ниво на замена на жителите, Европа ќе изумре“, порачал Маск додавајќи дека колапсот на жителите е „во далеку поголем ризик за цивилизацијата“ од климатските промени.


Според стандардите на демографот, нивото на замена на жителите е поставено на 2,1 дете по жена. Сепак, подинечни научници укажуваат дека за долгорочно опстојување потребна е стапка од околу 2,7 деца по жена.

Во реалноста, стапката на фертилитет во Европа е под тој праг: во Англија и ЕУ просечно изнесува 1,4, додека пак во Шкотска 1,3, што претставува историски минимум.

Инаку, Маск е татко на 14 деца и донор на бројни проекти во областа на плодноста и веќе подолго време предупредува на демографска рецесија која се заканува на западното општество. Тој неодамна донирал милиони долари за истражување во областа на репродуктивното здравје и поттикнување на наталитетот.

Светскиот тренд на опаѓање на бројот на родени трае повеќе од половина век. Податоците на Обединетите нации покажуваат дека во 2024 година просечниот број на породени жени изнесувал 2,2 додека пак во 1970-тите бил 5, а во 1990-тите бил 3,3.

Во Русија ситуацијата исто така е алармантна, „Rosstat“ минатата година забележал само 1,2 милиони новороденчиња, што е најнискиот број од 1999 година.


Високата стапка на наталитет од четири и повеќе деца по жена, денес е присутна исклучиво во делови од Африка, како и во Авганистан, Судан и Јемен.

Европа, предупредува Маск, доколку продолжи со овој тренд влегува во демографска зона на опасност која би можела да влијае на нејзината иднина.