Западните земји сега имаат 30 дена да најдат дипломатско решение за иранската нуклеарна криза, изјави денес високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас.
„Влегуваме во нова фаза од 30 дена, кои навистина мора да ги искористиме за да најдеме дипломатски решенија“, изјави Каја Калас пред почетокот на состанокот на ЕУ во Копенхаген, еден ден откако Европејците одлучија да покренат механизам што повторно ќе воведе меѓународни санкции против Иран во рок од еден месец.
Тоа барање ќе биде разгледано денес од Советот за безбедност на ОН, пренесува Бета-АФП.