Тошковски за проектот „Безбеден град“: Од 1 јануари ќе се казнува за прекршоци снимени од уличните камери, ќе има затворски казни и трајно одземање на колите

Точка

28/08/2025

17:17

1.929

Големина на фонт

а а а

Во Град Скопје, во општините Тетово и Куманово, како и долж коридорите „8“ и „10“ од 1 јануари 2026 ќе биде импленетиран проектот „Безбеден град, безбедна држава“. Се очекува до средината на наредната година да биде покриена целата територија на државава.

Системот „Сејф сити“ формално ќе почне да функционира од 1 јануари 2026 година, но најмалку еден месец претходно ќе има тест-период во кој граѓаните и оние што управуваат моторни возила ќе бидат информирани дека сториле одреден прекршок. Казни ќе се пишуваат од почетокот на следната година. Ова денеска го најави министерот за внатреши работи Панче Тошковски, одговарајќи на новинарски прашања на денешната заедничка прес-конференција со неговиот словенечки колега Боштјан Поклукар во Охрид.


Информираше дека измените во законот за безбедност во сообраќајот и патиштата во кои се имплементирани одредбите за „Безбеден град“ вчера во Собранието го поминаа првото читање пред матичната комисија. Тошкоски порача дека со овој закон не се предвидува казнување на граѓаните со цел да се полни буџетот туку дека целта е да се спасат човечки животи.

- Целта на овој систем не е да бидат казнувани македонските граѓаните, целта на овој систем не е да се полни буџетот на Република Македонија, целта на овој систем е да се спаси барем еден човечки живот. Бројките се страшни. Во 2024 година имаме 142 жртви како последица на не почитување на сообраќајни правила и сообраќајни незгоди кои се случиле. Сигурен сум дека бреојките ќе се намалуваат со ставање на системот во фнкција, нагласи Тошковски.

Очигледно е, како што додаде, дека конзервативниот начин на борба против сообраќајните прекршоци и сторени кривични дела не дава резултати, па затоа се прави суштинска измена на законските прописи, имплементација на проектот „Сејф сити“ и заострување на казните против оние што безобѕирно управуваат со моторни возила.


- Оној што седнува зад волан без возачка дозвола, под дејство на алкохол или психотропни супстанци, или вози 90 километри на час над дозволеното, тој не заслужува да поседува возачка дозвола и не треба да биде дел од сообраќајот, рече Тошковски

Министерот порача дека контролите ќе продолжат и дека ќе ги заострат казните особено во рамките на Кривичниот законик, па освен парична казна ќе се изрекува и казна затвор и трајно одземање на возилата со кои се сторени кривичните дела.