Понекогаш, луѓето го наоѓаат животниот повик онаму каде што ризикот е голем, но наградата е уште поголема. Таква е приказната на единствените две македонски пожарникарки, Билјана Денчовска и Менка Стојановска, кои рамо до рамо до своите машки колеги се борат против пожарите и огнените стихии.
Тие го пронајдоа својот животен повик во една нетипично опкружување, каде што жените се најчесто исклучок и ги има во исклучително мал број – и тие се вистински доказ дека понекогаш, за да бидеме навистина среќни мора да сме слободни да го пронајдеме нашето #СкрозЈас.
Желбата да се помогне на другиот е благородна во самата своја природа, но волјата да се ризикува животот за да се заштити она што е навистина важно само ја покажува храброста на овие две жени, кои се дел од македонската Противпожарна бригада.
Билјана и Менка се жени на различна возраст, кои доаѓаат од различни позадини и имаат различни интереси, но ги поврзува една работа: нивната уникатна професија како пожарникарки. За многумина, ова е типично „машка работа“ за која е потребна само физичка сила, но тие докажуваат дека посветеноста, волјата и храброста се подеднакво важни за да се биде добар во неа. И двете морале да се ослободат од социјалните норми, притисоци и предрасуди за да го прифатат своето вистинско ЈАС и да бидат она што ќе ги направи среќни.
Извор: Град Скопје
„Јас сум првата пожарникарка во земјата и оваа професија ја сакам затоа што е многу хумана. Колку и да е ризична, тука се работи за спасување на луѓе, материјални добра, животни и човечки животи – затоа ја работам со љубов, рамо до рамо со моите колеги“, вели Билјана Денчовска, која е регистрирана како првата пожарникарка во Македонија.
Таа вели дека колегите ја прифатиле без никакви предрасуди и направиле веднаш да се чувствува како дел од тимот. А неколку години подоцна, добила придружба и засилување од уште една хумана личност – помладата Менка Стојановска, која како активист и љубител на боречките вештини, пронашла голем животен предизвик во работата како пожарникарка.
Извор: Град Скопје
„За мене, одлуката дојде сосем случајно. Едноставно, мислев дека сакам и можам да бидам пожарникарка, се пријавив и оттогаш сум дел од противпожарната единица. Се пронајдов во оваа хумана професија, со која можам да придонесувам за доброто на луѓето. Не е лесна, но самата суштина на оваа професија носи големо задоволство“, додава Менка Стојановска.
Ако ги видите надвор од униформа, веројатно нема ни да помислите дека тоа се оние херои кои секојдневно го ставаат својот живот во ризик за да се соочат со опасностите од пожарите низ земјава. Но, вистината е дека ним не им треба сјајното светло или пак вниманието на медиумите, социјалните мрежи и јавноста – бидејќи го имаат пронајдено својот животен повик во помагањето на другите.
Извор: Град Скопје
dm drogerie markt ги охрабрува и ги истакнува ваквите приказни, кои покажуваат дека секој човек треба да си го послуша внатрешниот глас и да го пронајде своето #СкрозЈас. Со оваа иницијатива компанијата ги поттикнува сите луѓе да ги откријат и да ги прослават нивните специфичности, својата уникатност и своите јаки и слаби страни. Чекор по чекор – до вистинската, автентична верзија на себеси.