Телото на познатиот бизнисмен пронајдено на дното на морето – трагичен крај на потрагата

Точка

25/08/2025

18:02

2.943

Големина на фонт

а а а

Телото на турскиот бизнисмен Халит Јукај е пронајдено по интензивна 19-дневна потрага. Неговото семејство на почетокот на август пријави дека исчезнал од луксузна јахта, чиј дел беше брзо лоциран на дното на Мраморното Море.

„Како резултат на операциите за пребарување, на 23 август околу 7 часот беше откриено тело за кое се верува дека е Халит Јукај. Телото беше најдено на длабочина од 68 метри на морското дно, во близина на веројатното место на инцидентот“, соопштија турските власти.

Воени нуркачи ќе го извлечат телото со специјален систем „lift“, јавува „Хуриет“.

Лоциран со помош на сонар и "ROV"

Телото беше лоцирано и снимено со "ROV" (беспилотен подводен робот), кој може да снима и скенира на длабочина до 300 метри. Околу телото беа пронајдени и делови од моторот и конструкцијата на јахтата.

Иако "ROV" има способност да крева предмети на површината со помош на својата механичка рака, заради зачувување на телото одлучено е акцијата да се изведе во координација со Командата на поморските сили.

Пријателството со Киванч Татлитуг

Познатиот турски актер Киванч Татлитуг, близок пријател на Халит Јукај и последната личност со која разговарал пред исчезнувањето, внимателно ја следел потрагата сите 19 дена. Тој на социјалните мрежи објави дека екипите на Крајбрежната стража и Поморските сили работат посветено на извлекувањето на телото.

Мистериозен инцидент на пат кон Миконос

Инцидентот се случил додека Јукај со јахтата пловел кон грчкиот остров Миконос. Турските власти сè уште ги истражуваат наводите дека јахтата се судрила со товарниот брод „Arel 7“, чиишто капетан беше уапсен на 10 август.

Човек со визија во поморската индустрија

Халит Јукај беше почитуван во бродоградбената индустрија. „Мојот сон беше да градиме бродови. Денес тој сон го живеам“, изјави тој во едно интервју.

Јахтите изградени во неговата компанија беа познати по својот дизајн, опрема и квалитет, привлекувајќи внимание и дома и во странство. Нив ги купуваа бројни познати личности во Турција, а некои модели беа дури и номинирани за меѓународни награди.