[ВИДЕО] Туристи правеле селфи па потонале со гондола во Венеција

Макфакс

25/08/2025

16:20

365

Големина на фонт

а а а

Туристи кои правеле селфи успеале да потонат гондола во венецијански канал откако изгубиле рамнотежа на чамецот, и завршиле заедно со гондолиерот во морето, објави италијанската новинска агенција Анса.

Инцидентот се случил во внатрешен канал во лагунскиот град, без никакви негативни последици за учесниците, кои морале да се фатат за блиските закотвени чамци или за решетките на прозорците на некои згради на нивото на водата за да останат на површината.

Видеата брзо се проширија на социјалните мрежи.

Сличен инцидент се случил во мај на Големиот канал, само неколку метри од мостот Риалто. И во таа прилика, туристите биле обвинети дека изгубиле рамнотежа на гондолата за да прават селфиња. Гондолиерот исто така завршил во водата. Сцената се одвивала пред очите на многу туристи и била снимена од видео-надзорните камери на градот.