27 силни земјотреси за 24 часа на Камчатка

Макфакс

23/08/2025

16:05

240

Големина на фонт

а а а

Според регионалната администрација на руското Министерство за вонредни ситуации, се случиле 27 последователни потреси, пренесува РИА Новости.

„Во последните 24 часа, 27 последователни потреси со магнитуда. Според инструменталните податоци, потресите не се почувствувале во населени места“ објавува Телеграм каналот на Министерството.

Поради зголемената сеизмичка активност, на туристите им се препорачува да избегнуваат посета на вулканите Авача и Кључевској.

Исто така, активноста на вулканите Безимјански, Шивелуч, Кључевској, Каримски и Крашениников продолжува.

Според раководителот на Сеизмичката станица Јужен Сахалин, магнитудата на најсилниот земјотрес била 5,6 степени според Рихтеровата скала.

Од друга страна, EMSC пријави земјотрес со магнитуда од 5,8 степени според Рихтеровата скала.

На 30 јули, Камчатка беше погодена од најсилниот земјотрес од 1952 година, со јачина од 8,8 степени според Рихтеровата скала. Последователни потреси до 8 степени според Рихтеровата скала беа почувствувани и на северните Курилски Острови.

Четири бранови цунами делумно го оштетија пристаништето и другата инфраструктура. Во моментов, морскиот и хеликоптерскиот сообраќај се обновени во Северен Курилск, како и работењето на локалното пристаниште.