УЈП со повик: Избегнете стрес и дополнителни трошоци, навреме поднесете ДДВ-04 пријави

Макфакс

19/08/2025

16:37

183

Големина на фонт

а а а

Управата за јавни приходи упатува повик до сите даночни обврзници: поднесете ги ДДВ-04 пријавите и платете го даночниот долг за изминатиот даночен период навреме и одговорно за да избегнете стрес и дополнителни трошоци.

Крајниот рок за поднесување на пријавите и плаќање на данокот е понеделник, 25 август 2025 година.

Од УЈП велат дека до овој момент, само 11% од вкупниот број даночни обврзници ја имаат исполнето оваа законска обврска.

„Поради тоа, УЈП апелира до сите обврзници да ги достават потребните документи до своите сметководители без одлагање, со цел да се избегнат последични казни и дополнителни финансиски трошоци. Навременото поднесување на ДДВ-04 пријавата и плаќање на даночниот долг е клучно за: усогласување со даночните прописи, одржување на финансиската стабилност на деловните субјекти, поттикнување на стабилен и развиен економски систем“, соопшти УЈП.

Даночните обврзници кои имаат потреба од дополнителни информации или поддршка можат да се обратат на: Е-пошта: info@ujp.gov.mk и на телефонските броеви: од фиксна линија: 0800 33 000 и од мобилен телефон: 02 3253 200.