[ФОТО] Претрес во валандовско, пронајдени се дрога, оружје и муниција, приведено едно лице

Макфакс

19/08/2025

11:36

392

Големина на фонт

а а а

Вчера во 06:00 часот во село Казандол, валандовско, полициски службеници од ОВР Валандово и Полициската станица Гевгелија го лишиле од слобода 39-годишниот Е.А. од село Казандол.

При претрес во неговиот дом и помошни простории во селото, извршен со наредба на Основен суд Гевгелија, биле пронајдени и одземени 11 стебла од растението Канабис сатива, еден репетирачки карабин, куршуми со калибар од 7,9 мм, една рачна бомба постар модел, една торба и неколку ќесиња исполнети со марихуана, како и други предмети со остатоци од марихуана.


Лицето било задржано во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.