Заврши состанокот во Белата куќа, разговорите продолжуваат во нов формат

Макфакс

19/08/2025

00:19

366

Големина на фонт

а а а

Состанокот во Белата куќа меѓу американскиот претседател Доналд Трамп, украинскиот претседател Володимир Зеленски и европските лидери заврши, но разговорите продолжуваат, пишува „Си-ен-ен“.

Тие остануваат во Белата куќа за да ги продолжат преговорите во формат „само лидери“, изјави портпаролот на Зеленски, Сергиј Никифоров.

Официјален претставник на Белата куќа, исто така, рече дека мултилатералниот состанок со европските лидери и Зеленски завршил, но не се осврна на тоа дали ќе продолжат со разговори.

Главни теми на средбата беа безбедносните гаранции за Украина и можните чекори кон мировен договор со Русија. Трамп претходно посочи дека очекува брз напредок и дека работи на организирање трилатерална средба со Владимир Путин и Зеленски. Германскиот весник „Билд“ додека траеше состанокот објави дека Трамп го паузирал за да телефонира кај рускиот претседател, иако тој разговор беше најавен по завршувањето на средбата.