„Мажите ми праќаат пораки дека сум стара и дека треба да се откажам од своите принципи. Затоа само плачам. Каде си, Боже? Јован 14:14 вели: Ако нешто побарате во мое име, јас ќе го направам“, изјави Лоло Џонс.
Американката Лоло Џонс (43) е врвна спортистка, позната по тоа што настапила и на Летните и на Зимските олимписки игри. На летните се натпреваруваше во атлетика, додека на зимските настапи во боб-санкање.
Но, Џонс е позната и по тоа што како христијанка сè уште не била со маж.
„Му се молам на Бог да ме почести со добар човек. Години наназад се молам за тоа. Дури се молам и да ми ја извади желбата за брак од срцето ако не сака да ме види во брак. Јас навистина го посакувам тоа и навистина сакам семејство. Но, моето срце постојано се крши“, изјави Џонс, која со години не успева да го најде вистинскиот партнер.
Оваа атрактивна спортистка вели дека не ѝ е лесно.
„Се исмеваат со мене затоа што не сакам да имам секс пред брак. Мажите ми праќаат пораки дека сум стара и дека треба да се откажам од своите принципи. Затоа само плачам. Каде си, Боже? Јован 14:14 вели: Ако нешто побарате во мое име, јас ќе го направам. Твоето слово вели дека двајца се подобри од еден. Само го молам Бог да го почитува моето срце, затоа што мојата вера во моментов ме боли. Уморна сум од исмејувањето“, порача Лоло Џонс.
Таа објаснува дека јавното признание дека е девица дополнително ѝ го отежнало пронаоѓањето на вистински маж.
„Тоа ги ’уби‘ сите мои состаноци. Пред тоа барем имав некаква шанса, а потоа останав без никаква.“
Заради сè што ѝ се случува, Џонс решила да се повлече.
„Во моментов сум посветена на работа во градината. Знам дека изгледа чудно, но се занимавам со мирни работи“, изјави неодамна.
Лоло Џонс испрати и порака до сите жени.
„Ве молам разберете дека ова е тежок пат. Постојат многу девици и сакам тие да знаат дека ова е најтешката работа што сум ја направила во мојот живот“, истакна Џонс.
И покрај сè, таа вели дека сè уште се надева дека ќе стане мајка и дека е подготвена да се сврти кон медицински потпомогнато оплодување, односно ин витро оплодување.