Баерн Минхен тргна по Кристофер Нкунку, а од Челзи е отворени за преговори.
Откако Штутгарт ги отфрли сите понуди за Нико Волтемаде, Баерн Минхен беше принуден да се сврти кон други цели, сега главна е Кристофер Нкунку.
Французинот долго време се поврзуваше со Баерн, но до денес немаше конкретни преговори.
Челзи сака да го продаде, Баерн се обидува да го заврши договорот како позајмица со право на откуп. Сепак, продажбата не е невозможна, особено поради фактот што Челзи е подготвен да преговара за сума до 40.000.000 евра.
Винсен Компани верува дека Енкунку може да биде одлична опција, кога во тимот долго време ќе го нбема повредениот Џамал Мусијала, но и подоцна како замена за Хари Кејн, бидејќи покрива повеќе позиции во нападот.
Тој беше поврзуван со Интер, но конкретни преговори меѓу двете страни немаше. Енкунку сака да се приклучи на Баерн и чека исход од преговорите со Челзи.