Истражувачите од Технолошкиот институт во Масачусетс (MIT) развиле два нови потенцијални антибиотици користејќи вештачка интелигенција (ВИ).
Овие лекови се насочени кон гонореја и метицилин-резистентен стафилококус ауреус (MRSA) отпорен на метицилин, познат како „супербактерија“, пренесе Би-би-си.
За разлика од претходните обиди кои се потпираа на пребарување на познати хемикалии, овој пат ВИ дизајнирала молекули атом по атом.
Тестовите во лабораторија и на животни покажале дека антибиотиците се ефикасни во борбата против овие инфекции.
Сепак, пред лековите да им станат достапни на пациентите, потребни се уште неколку години клинички испитувања и усовршување.
Професорот Џејмс Колинс од МИТ истакна дека овој пристап би можел да означи „второ златно доба“ во откривањето на нови антибиотици, што е клучно бидејќи прекумерната употреба на постојните лекови води до појава на сè поотпорни бактерии.
Оваа студија, објавена во списанието „Cell“, тестирала 36 милиони хемиски соединенија, вклучувајќи ги и претходно непознатите, и ја обучи ВИ да разбере како различните молекуларни структури влијаат врз бактериите.