Кјелини го избра најтешкиот ривал во кариерата, но и соиграчот од кој најмногу научил за фудбалот

Дерби

15/08/2025

11:49

255

Големина на фонт

а а а

Џорџо Кјелини доби поодговорна директорска функција во Јувентус на стартот на летото и се очекува да биде уште поважен дел од новиот проект, но во период кога клубот се подготвува за завршна офанзива на трансфер пазарот, легендарниот стопер се наврати и на своите играчки денови.

Во интервјуто кое го направи за каналот „Виво Аѕуро“, Кјелини говори за својот воинствен дух кој го красеше на теренот, но го посочи и најтешкиот противник кој го имал во кариерата.

– Идеајата да бидам воин е дел од мене целиот живот. Работев на тој аспект од себе од најмали нозе, иако понекогаш знаев доста да се потрошам. Раѓањето на мојата прва ќерка помогна во процесот да го пронајдам вистинскиот баланс.

– Најтежок противник? Златан Ибрахимовиќ. Водев битки против него на теренот, но го имав крај себе во Јувентус. Играчот од кој најмногу научив на крајот е Кристијано Роналдо, – признава Кјелини.

Џорџо ја заврши кариерата со голем неуспех на Светските првенства, но хајлајт на репрезентативната кариера му е освоената европска титула на „Вембли“.

– Сите светски првенства беа лоши за мене. Во 2010-та и 2014-та година не ја минавме воведната рудна, потоа не се пласиравме на наредните два мундијали. Кога го загубивме плејофот од Шведска, не спиев неколку ноќи.

– Како и да е, за мене ќе останат незаборавни спомените од „Вембли“. Тоа беше ноќта која ги избриша сите лоши спомени, – вели Кјелини.