[ВИДЕО] Расплакани инфлуенсери го обвинуваат „ChatGPT“ за пропуштен лет: Има дал погрешни податоци за визниот режим

Точка

15/08/2025

10:18

530

Големина на фонт

а а а

Млад брачен пар инфлуенсери тврди дека им било одбиено качување на летот за Порторико откако се потпреле на „ChatGPT“ околу информациите за виза, кој им дал неточни информации. Како резултат на тоа, тие пристигнале на аеродромот со погрешни документи и останале без патување.

Во видеото кое шпанските туристи го споделиле на социјалните мрежи, тиктокерката Мери Калдас шета низ аеродромот во солзи откако ѝ било одбиено патувањето. Додека нејзиниот партнер Алехандро Сид ја теши, Калдас вели: „Види, секогаш истражувам многу, но го прашав ChatGPT и рече не“, осврнувајќи се на прашањето дали им требаат визи за влез во Порторико. „Веќе не му верувам на тој ку*кин син“, додаде таа.


Инфлуенсерката низ солзи дури и се пошегува дека „ChatGPT“ им дал погрешни информации од одмазда. „Веќе не му верувам затоа што понекогаш го навредувам, го нарекувам гад, му велам „бескорисен си, но информирај ме добро“ … ова е неговата одмазда“.

Корисниците на ТикТок ги исмејуваат

Видеото собра повеќе од шест милиони прегледи на ТикТок, а бројни тиктокери го исмејуваат парот затоа што побарале информации од алатката на вештачка интелигенција наместо да проверат официјални извори. „Природна селекција, претпоставувам. Ако одите на патување во странство и сите совети ви се засновани на ChatGPT, добро сте поминале“, коментираше еден корисник. „Кој воопшто му верува на ChatGPT за такви работи?“, праша друг.


Сепак, други застанаа во одбрана на „ChatGPT“, тврдејќи дека одговорот не бил неточен, туку дека инфлуенсерите поставиле погрешно прашање. Имено, на шпанските граѓани не им е потребна виза за влез во Порторико, но мора да добијат електронска авторизација за патување (ESTA) преку интернет.