[ВИДЕО] Протести на Алјаска: „Не го сакаме Путин тука“

Макфакс

15/08/2025

09:52

217

Големина на фонт

а а а

„Не го сакаме Путин тука. Нека ги повлече своите трупи од Украина. Алјаска стои со Украина“, велат демонстрантите во Анкориџ кои се собраа на улиците пред средбата меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин.

Во Алјаска беа организирани 16 протести против средбата Трамп-Путин, а во Анкориџ, најголемиот град во оваа федерална држава, на улиците се собраа неколку стотици луѓе, објавува „Анкориџ дејли њуз“.

Тие носеа украински и американски знамиња.