Кина ѝ упати најостра трговска закана досега на ЕУ

Макфакс

02/05/2026

09:24

849

Големина на фонт

а а а

Кина ѝ упати на Европската Унија најдиректна трговска закана во последните децении, предупредувајќи дека ќе преземе контрамерки ако Брисел го усвои новиот Закон за забрзување на индустријата (IAA).

Предлог-законот, кој веќе е наречен „Made in Europe“, предвидува јавната поддршка за стратешки индустрии да биде насочена кон европско производство и воведува строги услови за странски инвестиции во сектори како чисти технологии, автомобилска индустрија, челик, алуминиум и цемент.

Пекинг оценува дека мерките се дискриминаторски и спротивни на правилата на Светската трговска организација, барајќи од ЕУ да ги отстрани ограничувањата за странските инвеститори.

Тензиите дополнително растат бидејќи ЕУ од 1 јули 2026 воведува и фиксна царинска такса од 3 евра за мали пратки под 150 евра, мерка што најсилно ги погодува кинеските платформи како Шеин и Тему.

Според аналитичари, можно е двете страни да влезат во преговори, но и да следуваат кинески контрамерки против европски компании ако законот биде усвоен без измени